Ömer Süt
20 Ноември 2017•Ажурирај: 21 Ноември 2017
ИЗМИР (АА) - Фети Ун, адвокатот на водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, му е изречена казна затвор во траење од 12 години во рамките на истрагата против споменатата терористичка организација, јавува Anadolu Agency (AA).
Судот во Измир во пресудата наведе дека обвинетиот Ун е осуден за членство во вооружена терористичка организација.
Обвинетиот, кој од 1990 до 1994 година бил адвокат на Фетула Ѓулен, ги отфрли обвиненијата за кои се товари.
Тој призна дека бил адвокат на водачот на ФЕТО, но ги отфрли обвиненијата дека е член на терористичката организација.
Да потсетиме, Фети Ун е уапсен на 11 ноември 2016 година во рамките на истрагата против ФЕТО, којашто ја води државното обвинителство во Измир.