Tuğrul Çam
27 Октомври 2016•Ажурирај: 28 Октомври 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Турскиот министер за правда, Бекир Боздаг истакна дека од администрацијата на САД побарале привремено приведување на водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Гулен, јавува Anadolu Agency (AA).
„Тоа што ние го испративме во врска со обидот за државен удар е барањето за привремено преведување. Во рамките на барањето за привремено приведување, прикажавме доволно јасни докази за привремено приведување. Веруваме дека тие докази се доволни за привремено приведување“, изјави Боздаг.
Во резиденцијата на турската амбасада во Вашингтон, Боздаг одржа прес-конференција во врска со средбата со министерката за правда на САД, Лорета Линч.
Во врска со привеременото приведување на водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, Боздаг одговори дека за ова ќе реши судот.
„Ние во досието за привремено приведување прикажавме повеќе од потребните докази за тоа приведување. Уште еднаш ги потсетивме за ова. Правната процедура одделно ќе се процесуира. Нормално, ние во врска со ова на почитуваната министерка ѝ ги пренесовме нашите очекувања. Покрај досиејата во врска со обидот за државен удар, им доставивме и други досиеја пред обидот за државен удар на 15 јули 2016 година. Во врска со државниот удар, досието за екстрадиција веќе се подготвува во Турција. Тоа што ние го испративме во врска со обидот за државен удар е барањето за привремено приведување. Во рамките на тоа барање прикажавме доволно јасни докази за привремено приведување. Веруваме дека тие докази се доволни за тоа“, изјави министерот Боздаг.
Тој, имајќи ја предвид чувствителноста на американската администрација кога е во прашање екстрадицијата на Фетула Ѓулен, рече дека тој поради вознемиреноста оти може да биде екстрадиран, почнал да бара излез во други земји во светот.
„Белгија, Бразил, Канада се некои од земјите каде што бара место. Турските тајни служби имаат сигурни информации дека тој подготвува соодветно место. Ние овие информации и порано им ги пренесовме. И на оваа средба имавме можност повторно да им ги пренесеме“, рече Боздаг.