Mümin Altaş
06 Декември 2017•Ажурирај: 06 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Заменик-премиерот на Турција и портпарол на турската Влада, Бекир Боздаг, изјави дека американското признавање на Ерусалим за главен град на Израел би било голема катастрофа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Боздаг преку социјалната мрежа „Twitter“ (Твитер) се осврна на планот на САД да ја преместaт својата амбасада од Тел Авив во Ерусалим, и со тоа овој град да го признае како главен град на Израел.
Боздаг истакна дека Ерусалим, по Мека и Медина, претставува трет град којшто за кој муслиманите е голема важност, и оти овој град е првата кибла (насоката кон кое муслиманите се насочени за време на молитвата).
„Ерусалим претставува чест и достоинство на муслиманите. Ерусалим е тема што не се однесува само на Палестинците, туку на сите муслимани. Ерусалим е клуч за мирот на Блискиот Исток и на целиот свет, тој е црвена линија за муслиманите. Статусот на Ерусалим е гарантиран со меѓународните договори“, порача Боздаг.
Тој, исто така, нагласи дека заштитата на статусот на Ерусалим е задача на ОН, земјите-членки на ОН, исламскиот свет и на сите муслимани во светот.
„Признавањето на Ерусалим за главен град би го уништило мировниот процес што се води со големи тешкотии, би ги отворило вратите за големи нереди, кризи, хаос и судири, би имало непредвидливи негативни последици. Накусо, признавањето на Ерусалим за главен град на Израел за нас би било голема катастрофа“, порача Боздаг.
Покрај тоа, тој нагласи дека чекорот на признавање на Ерусалим како главен град е негирање на историските факти, и оти тоа би било голема неправда, насилство, нетолеранција, ирационалност, лудило, и фрлање на регионот и на светот во оган за кој не се знае кога би можел да биде изгаснат.
Во тој контекст, Боздаг упати повик до сите за одговорно однесување, почитување на потпишаните документи, рационални чекори, воздржување од фрлање на светот во опасност поради внатрешна политика и други причини.
Боздаг ги повика муслиманите и исламскиот свет да ја сочуваат својата чест.