Satuk Buğra Kutlugün,Tutku Şenen
09 Ноември 2016•Ажурирај: 09 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Министерот за правда на Република Турција, Бекир Боздаг, денес во Анкара, во врска со претседателските избори во Америка изјави дека смета оти бирачите во САД го одбиле диктирањето на волјата на граѓаните, јавува Anadolu Agency (AA).
„Никој не може да победи на изборите преку наслови во весниците, анкети и преку телевизијата. На крајот на краиштата, луѓето гласаат. Она што го гледам, како стратегија на изборите, мислам дека американските државјани рекоа „не“ на диктирањето на нивната волја“, рече Боздаг на уредничкиот колегиум на АА, кога излезните анкети покажуваа дека Доналд Трамп е во водство.
Излезните анкети уште оттогаш покажуваа дека републиканскиот кандидат Доналд Трамп победил на претседателските избори во САД.
Министерот изјави дека кого и да го одберат гласачите на САД, Турција ќе продолжи да работи со тој претседател, бидејќи односите меѓу САД и Турција се меѓудржавни односи.
„Ние имаме заеднички интереси, стратешко партнерство и многу договори меѓу нас. Смената на претседателот нема да доведе до радикална ревизија на овие односи“, изјави Боздаг.
- Боздаг ги осуди пратениците кои присуствувале на состанокот на групата ХДП -
Турскиот министер за правда исто така ги осуди и амбасадорите кои вчера присуствувале на парламентарниот состанок на Народната демократска парија (ХДП).
„Ниедна партија, земја-членка на ЕУ или други, не можат да му наредат или да му предложат на судството на Турција што да прави. Амбасадорите на некои земји се осмелија да се мешаат во внатрешните работи на Турција“, изјави Боздаг.
Народната демократска партија го одржа својот прв парламентарен состанок откако копретседателите на партијата, заедно со неколку други заменици, на 4 ноември беа притворени затоа што не одговорија на повикот за сослушување, од страна на јавното обвинителство, во текот на истрагата за антитероризам.
На состанокот, пратеникот на партијата од Дијарбакир, Чаглар Демирел, се обрати на присутните, заблагодарувајќи им се на пратениците на Белгија, Австрија и Луксембург, како и на првиот секретар на грчката амбасада, претставниците од Германија, Шпанија, Финска и делегација на Турција во ЕУ.
Уапсените пратеници се соочија со обвиненија во рамките на Законот за антитероризам на Турција откако нивниот пратенички имунитет беше укинат на почетокот од оваа година. Пратениците на другите партии беа исто така беа повикани пред јавните обвинители, но само пратениците на ХДП одбија да сведочат.
„Европската Унија долго време наклонета кон прашањата кои се против политиката на Турција“, додаде Боздаг. „Зарем не мислите дека, исто така, и добри работи се случуваат во Турција? Тие во своите извештаи не вклучија добри работи“.
Шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, вчера издаде соопштение во кое ја повикува Турција да ја заштити својата парламентарна демократија, вклучувајќи го и почитувањето на човековите права, владеењето на законот, основните слободе и правото на фер судење, секако во согласност на обврските на земјата-кандидат“.
Во соопштението издадено вчера, во попладневните часови, од Министерството за надворешни работи на Турција се вели дека ЕУ го изгубила кредибилитетот кај турскиот народ во врска со борбата против тероризмот.
Од турското Министерство за надворешни работи вчера изјавија дека соопштенијата на Шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, во врска со Турција биле неприфатливи.