Büşra Selvi Öğütcen
20 Септември 2017•Ажурирај: 21 Септември 2017
МЕКСИКО (АА) - Бројката на загинати во земјотресот кој вчера го потресе Мексико се искачи на 248 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Агенцијата за национална цивилна заштита соопшти дека епицентарот на земјотресот се наоѓа на 5 километри од градот Рабосо, во сојузната држава Пуебла, на длабочина од 51 километар, и дека досега земјотресот одзеде 248 животи.
Во соопштението се наведува дека десетици згради во главниот град Мексико Сити се претворени во урнатини.
Шефот на националната цивилна заштита, Луис Фелипе Пуенте, преку својот профил на социјалната мрежа Twitter (Твитер) информираше дека земјотресот во главниот град одзел 117 животи, во Морелос 72, Пуебла 43, во сојузната држава Мексико 12, во сојузната држава Гуеро 3 и во сојузната држава Oaxaca едно лице.
На 19 септември 1985 година Мексико го потресе земјотрес со јачина од 8,1 степен. Во тој земјотрес загинаа најмалку 5.000 лица.
Претседателот на Мексико Енрике, Пена Нието, соопшти дека во јужниот дел на Мексико од земјотресот се урнало училиште и досега од урнатините се извлечени телата на 25 ученици. Спасувачките екипи се обидуаат да дојдат до уште 38 лица кои се заробени под урнатините на училиштето.
Претседателот Нието, во својата телевизиска изјава рече дека во подрачјата опфатени од земјотресот е прогласена вонредна состојба и испратени се дополнителни екипи за да помогнат во спасувачките операции.
Градоначалникот на Мексико, Мигуел Мансера, изјави дека спасувачките екипи досега од урнатините спасиле околу 60 лица.
Официјалните лица на Мексико соопштија дека на болничко лекување се наоѓаат 70 повредени.
Во градот, 2 милиони лица немаат електрична енергија. Постојат проблеми и со телефонските линии, оштетена е инфраструктурата за природен гас, поради што забрането е пушење цигара на улица.
Портпаролот на владата на Мексико, Ернесто Абела, соопшти дека амбасадите во главниот град претрпеле оштетувања, меѓутоа нема повредени меѓу вработените.
На 8 септември годинава во Мексико беше почувствуван земјотрес со интензитет од 8,1 степен, во кој животот го загубија 96 лица.
Во меѓувреме, претседателот на САД, Доналд Трамп, кој е домаќин на 72. Генерално собрание на ОН во Њујорк, преку својот Твитер профил напиша: „Господ нека ги чува жителите на Мексико. Со вас сме”.
Премиерот на Канада, Џастин Трудо, рече дека се подготвени да пружат помош на Мексико.