Dildar Baykan
13 Март 2018•Ажурирај: 14 Март 2018
АНКАРА (АА) - Организацијата „Лекари без граници“ (МСФ), соопшти дека меѓу 25 август и 24 септември, во Мјанмар настрадале најмалку 9.400 муслимани од Аракан, јавува Anadolu Agency (AA).
МСФ објави извештај „Никој не остана“ за насилните настани од 25 август 2017 година.
Податоците покажуваат дека од 9.400 починати лица, 6.700 настрадале од директна примена на насилство.
Муслиманите од Аракан кои побегнаа од Бангладеш, во разговорите со припадниците на МСФ, им кажаа за насилствата на кои биле подложени. Во Извештајот на МСФ, се истакнува дека муслиманите биле подложени на напади во нивните куќи и села, на отворање оган, страдање на блиските, сексуална злоупотреба при нивното бегство.
Припадниците на МСФ на терен известија дека кога ќе се погледнат лузните на бегалците кои стигнале до Бангладеш, јасно е дека мјанмарските безбедносни сили и екстремистичките будисти применувале прекумерна сила врз муслиманите од Аракан.
„Оваа тиранија предизвика страдање на многу аракански муслимани и протерување на преживеаните“, се наведува во соопштението.
Податоците на ОН покажуваат дека само од 25 август 2017 година, повеќе од 700.000 лица побегнале во Бангладеш. Меѓународните организации за заштита на човековите права со сателитски снимки докажале дека исчезнале стотици муслимански села.
ОН и меѓународните организации за заштита на човековите права, насилството врз муслиманите од Аракан го нарекуваат етничко чистење или геноцид.