Gamze Türkoğlu Oğuz
13 Март 2018•Ажурирај: 14 Март 2018
АНКАРА (АА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп, од функцијата го разреши министерот за надворешни работи на САД, Рекс Тилерсон и соопшти дека на негово место ќе го назначи претседателот на Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Мајк Помпео, јавува Anadolu Agency (AA).
Американскиот претседател, преку својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша дека му се заблагодарува за досегашната работа на Тилерсон и објави дека новиот шеф на американската дипломатија ќе биде Помпео.
На испразнетото место на Помпео, Трамп објави дека ќе биде назначена досегашната заменичка-претседателка на ЦИА, Гина Хеспл. Хеспл ќе биде првата дама претседателка на ЦИА.
Во објавата Трамп на своите сораборници им посака успех на новите функции.