Barış Seçkin
30 Октомври 2016•Ажурирај: 31 Октомври 2016
РИМ (АА) - Според првичните сознаниjа, во утринскиот земјотрес во Италија со јачина од 6,5 степени нема загинати, но соопштено е дека има неколку повредени лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорот за Цивилна одбрана Фабрицио Курчио истакна дека во земјотрсот со јачина од 6,5 степени, којшто се случи во централниот дел на Италија во 07:40 часот, има повредени, но досега нема информации за загинати.
Според информациите во италјанските медиуми има повредени 10 лица, од којшто едно потешко.
Tелевизискиот канал „Раињуз24“ објави дека во градот Норча, каде што беше епицентарот на земјотресот, од потресите се срушила Базиликата „Сан Бенедето“, а во истата обласат во центарот на градчето Толентино, се срушиле неколку згради.
Надлежните од Националниот институт за геофизика и вулканологија соопштија дека последниот голем земјотрес е поврзан со двата земјотреса којшто се случија пред 4 дена, како и со земјотресот на 24 август со јачина од 6 степени, во градот Аматриче.
Градоначалникот на градот Усита, епицентарот на змејотресот од 26 октомври рече: „Спиев во мојот автомобил. Сè се сруши. Целосна катастрофа. Го гледам чадот oд урнатините“.
Беше потврдено дека претседателот на Италија, Серџо Матарала и премиерот Матео Ренци одблизу ги следат случувањата со земјотресот.
Властите на Рим, кадешто земјотресот силно се почуствува, започнаа увид на штетите во историските објекти како што е Колосеумот.
По земјотресот, во истиот регион регистриран е земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, а потоа и земјотес од 4,8 степени.
Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) потоа до 11:30 часот регистрираше повеќе од 40 помали земјотреси, воглавно со јачина од 3,5 степени.
Земјата сè уште се опоравува од земјотресот кој на 24 август оваа година го однесе животот на речиси 300 лица.
Италија географски е сместена во нестабилно подрачје бидејќи се простира на повеќе тектонски плочи. Апенинскиот Полуостров е европски регион кој е сеизмички најактивен.
Утринскиот земјотрес е најсилен измерен земјотрес во земјата од 1980 година, тврдат тамошните сеизмолози.