Arif Yakıcı
22 Февруари 2017•Ажурирај: 23 Февруари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Полицијата во Истанбул денес го уапси Орхан Ердемли, долгогодишниот адвокат на Фетула Ѓулен, водачот на терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердемли се наоѓа на листата на барани осомничени лица во истрагите што надлежните турски органи ги водат против терористичката организација ФЕТО.
Припадниците на полицискиот Оддел за борба против тероризмот и турската жандармерија утринава извршија заедничка акција во која Ердемли беше уапсен и предаден на надлежните органи на понатамошно процесуирање.
Терористичката организација ФЕТО на 15. јули минатата година изврши неуспешен обид за воен удар во Турција со посредство на инфилтрирани поданици во турските безбедносни сили и во други државни институции на таа земја.
Анкара од Вашингтон побара привремено апсење и испорачување на Ѓулен, кој престојува во Пенсилванија.