Adem Şalvarcıoğlu
19 Октомври 2016•Ажурирај: 19 Октомври 2016
ЏАКАРТА (АА) - Земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди морската област на индонезискиот остров Јава, јавува Anadolu Agency (AA).
Американскиот центар за геолошки истражувања соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 614 километри, 120 километри од градот Субанг.
Националната агенција за справување со природни катастрофи во Индонезија соопшти дека земјотресот траел осум секунди и дека нема жртви, ниту пак повредени.
Земјотресот со јачина од 9,1 степен според Рихтеровата скала, кој на 26 декември 2004 година ја погоди Индонезија, како и цунамито што потоа следеше, резултираше со 230.000 жртви.