Emre Gürkan Abay
10 Ноември 2017•Ажурирај: 10 Ноември 2017
МОСКВА (АА) - Во Москва денес е отворена изложбата на фотографии, наградени на „AA Istanbul Photo Awards 2017“, меѓународниот натпревар во фотографии кој го организираше Anadolu Agency (AA).
Уредникот на визуелни вести АА Ахмет Сел во обраќање на отворањето на изложбата изјави дека на „Istanbul Photo Awards 2017“ пристигнале голем број на фотографии.
„Среќни сме што една од изложбите ја одржавме токму во Москва“, изјави Сел, додавајќи дека за „Istanbul Photo Awards 2017" од целиот свет пристигнале околу 25 илјади фотографии.
Амбасадорот на Турција во Москва, Хусеин Дириоз упати честитки до сите кои учествуваат во организацијата на меѓународниот наптпревар „Istanbul Photo Awards“.
За фотографија на годината на ”Istanbul Photo Awards 2017“ е избрана фотографијата „Бегство од ДЕАШ“, која во Ирак за „Paris Match" ја направи Французинот Фредерик Лафарж.
Изложбата на наградени фотографии на „AA Istanbul Photo Awards 2017“ во Москва ќе биде отворена до 19 ноември.
Арис Месинс за серијалот фотографии под назив „Смрт во Средоземното море“, кои ги направи за „AFP", е најдобар во категоријата „сериски вести“.
Фотографијата „Под површина“ на Адам Пети, која ја направи за „Getty Images", избрана е за најдобра во категорија „ поединечен спорт“, а серијалот фотографии на Патрик Смит, исто така за Getty Images, избран е најдобар во категорија „тимски спортови“.
Во категоријата „сериски портрети“ победничка е Мери Ѓелман за серија фотографии за жените жртви.
„Хранење на сирачиња на орангутани“ на Кемал Јуфри е избрана за најдобра во категорија „серија природа и околина“ , додека фотографијата „Голф терен Papwa Sewgolum“, на Џони Милер направена за „Millefoto" прогласена за најдобра во категорија „поединечна фотографија на природата и околината“.
Награда за најдобар млад фоторепортер фриленсер во Газа, Хосам Салем му донесе фотографијата „Уличен тренинг во Газа “.
Од друга страна, пријавите за „Istanbul Photo Awards 2018“, меѓународниот натпревар во фотографии кој АА ќе го организира по четврти пат, започна од 1 ноември а ќе трае се до 31 јануари 2018 година.