Elena Teslova
06 Август 2018•Ажурирај: 07 Август 2018
МОСКВА (AA) - „Фоторепортерката на Anadolu Agency (AA) Себнем Џошкун е наградена со Посебно признание од жирито на Меѓународното натпреварување на фоторепортерите, Андреј Стенин“, објавија организаторите.
„Како фоторепортерка, среќна сум што живеам во Истанбул“, рече Џошкун.
Нејзината наградена фотографија „Историја на уличниот појадок“ прикажува двајца луѓе кои пијат чај и голем број галеби што собираат храна на терасата од зградата со панорамски поглед на Истанбул.
„Постои тој културен центар каде што луѓето доаѓаат на појадок. И јас дојдов на доручек еден ден. Беше прекрасно: топол чај, свежи кифли, галеби и Истанбул.“
Таа рече и дека наградата освоена во Русија ѝ значи многу.
„Посетив различни градови во Русија во текот на Светското фудбалско првенство 2018 година. Запознав многу искусни руски фоторепортери“, рече Џошкун.
Себнем Џошкун е родена во 1897 година во Истанбул, Турција. Кариерата на фоторепортер ја започна во 2008 година. Дипломираше на Универзитетот „Мармара“ во Истанбул на Академијата за ликовни уметности, Оддел за фотографија.
Меѓународното натпреварување за фоторепортерите „Андреј Стенин“ се организира во чест на рускиот фоторепортер Андреј Стенин кој е убиен во 2014 година за време на работа во југоисточна Украина.