Besar Ademi
22 Февруари 2016•Ажурирај: 23 Февруари 2016
ТАБАНОВЦЕ (АА) – Во транзитниот центар на северната граница на Македонија, во Табановце, моментално окoлу илјада бегалци се блокирани и не им се дозволува да поминат на српска територија. Хуманитарните организации соопштуваат дека уште еден воз е тргнат од Гевгелија и се очекува ситуацијата во Табановце да се влоши, јавува Anadolu Agency (АА).
Хуманитарните организации што делуват во Табановце, исто така, јавуваат дека преку 200 бегалци, главно од Сирија и Авганистан, се вратени од Шид во Табановце, поради застарените процедури на регистрација. Дритон Малиќи, од хуманитарната организација „Легис”, истакна дека на бегалците им е забрането да го употребуваат транзитниот пат од Србија, а не од Македонија.
„Денеска имавме еден друг случај, вратени се над 200 лица од Шид. Главно се Сиријци и Авганистанци, а меѓу нив има и мигранти. Причината за враќањето е поради застарените процедури на регистрација. Тие ќе се депортираат за ново регистрирање и тогаш се надеваме дека ќе продолжи нивниот пат”, изјави Малиќи.
Во врска со авганистанските бегалци, на кои им се забранува користењето на транзитниот пат, Малиќи рече дека околу 600 бегалци веќе четири дена се блокирани на Табановце и не се знае што ќе се случува во иднина со нив, додека за возот кој веќе е тргнат од Гевгелија појасни дека во него патуваат само бегалци од Сирија и Ирак.
„Вчера, околу два часот по полноќ, пристигна еден воз од Гевгелија со 793 бегалци, главно Ирачани и Сиријци, само двајца Авганистанци. Инаку, авганистанските бегалци се сопираат во Грција, оттаму не им се дозволува да влезат во Македонија”, рече Малиќи.
Од вратените бегалци од Шид е и едно девојче од Сирија, кое рече дека е вратена само затоа што српските полицајци забележале турски печат во нејзиниот пасош.
„Кога го забележаа турскиот печат во мојот пасош нè испрашуваа зошто сме ја напуштиле Турција и колку време сме престојувале таму. Ние одговоривме дека сме престојувале четири месеци и во тој момент ни наредија да се вратиме назад во Македонија”, рече таа.
Од друга страна, бегалците од Авганистан веќе четри дена се блокирани во Табановце и немаат информации што ќе се случува со нив.
„Србија не ни дозволува да одиме во Германија преку Хрватска. Тие им дозволуваат на ирачките и сириските бегалци, но не им дозволуваат на авганистанските бегалци. Не ја знам причината зошто нам не ни дозволуваат”, изјави бегалец од Авганистан.
Моментално во транзитниот центар во Табановце има околу илјада бегалци од Ирак, Авганистан и Сирија а се очекува да пристигне уште еден воз со бегалци од Гевгелија.
Хуманитарните организации велат дека Србија целосно ја блокирала својата граница и не дозволува влез на бегалци во Србија.