Alma Çekovic
25 Февруари 2016•Ажурирано: 25 Февруари 2016
БЕРЛИН (AA) - Германија очекува дека во 2020 година во оваа земја ќе пристигнат вкупно 3,5 милиони бегалци, што е во просек пола милион годишно, објавија германските медиуми, пренесува Anadolu Agency (AA).
Оваа прогноза се тели на проценките на Министерството за економија на Германија во соработка со другите министерства, објави весникот "Sueddeutsche Zeitung".
"Со цел да направи процека на економски развој, Министерството за економија смисли итнерна, чисто техничка проценка на миграциите во соработка со другите министерства", наваденео е во проценката.
Сеуште не постојат официјални проценки на владата за тоа колку бегалци најголемата европска економија очекува во наредните години со оглед дека тие бројки се многу променливи.
Меѓутоа, доаѓањето на 1,1 милиони баратели на азил минатата година, кои се вклучени во проценката од 3,5 милиони до 2020 година, значително ги оптерети германските социјални служби и го интензивираше притисокот на владата на канцеларката Ангела Меркел.
Меркел, која е под притисок на јавноста поради политиката на "отворените врати" кон бегалците, последните месеци вети дека оваа година значително ќе го намали бројот на луѓе кои доаѓаат во оваа земја.
Во среда германската федерална полиција соопшти дека во вторник се регистрирани само 103 нови бегалци што укажува на значителен пад како резултат на построгите контроли долж балканската рута. На почетокот на минатата недела повеќе од 2.000 нови бегалци пристигнуваа дневно во оваа земја. Минатата пролет оваа бројкна изнезуваше и повеќе од 10.000.