ИСТАНБУЛ (АА) - Терористичката организација ДЕАШ, која со своето дејствување предизвика големи штети во исламскиот свет, загуби голем дел од окупираните територии. Организацијата којашто броеше десетици илјади милитанти значително опадна на тој план, но сепак го одржува потенцијалот да се насочи кон нови стратегии, пишува Anadolu Agency (AA).
Во својот зенит, ДЕАШ во 2014 година имаше окупирано 2/3 од територијата на Сирија, а од 2015 година наваму, забрзано ги губи од раце окупираните територии.
По окупацијата на Кобани, ДЕАШ ги загуби судирите против ПКК/ПЈД источно од Алепо и северно од Рака, по што ги напушти овие територии. За сето време, ПКК/ПЈД ја имаше поддршката од САД и од коалициските сили.
На тој начин, на крајот од 2016 година, организацијата остана притеснета на територијата што се протега северно од Алепо и јужно од Рака.
ДЕАШ загуби голема територија во Алепо и во Хомс, во борбата против Русија и силите на режимот, по што се повлече во подрачјето на Деир ез-Зор. Центарот на Рака беше под опсада на терористичката организација ПКК/ПЈД, поддржана од САД.
Беше блокирана политиката на ДЕАШ на опстојување во Сирија со помош на странските платени војници и поради настанатиот проблем со човечки ресурси, односно нови членови, беа неуспешни обидите на ДЕАШ да ги врати изгубените територии во Сирија.
Соочена со нападите на меѓународната коалиција предводена од САД, која соработува со ПКК/ПЈД, портпаролот на ДЕАШ, Аднани, кој беше убиен во 2016 година, беше изјавил дека ДЕАШ ќе се повлече во пустините.
Овие загуби на организацијата беа првите показатели на предвидувањата дека нема да се оствари нивната идеја за формирање држава.
- Можност за окупација на пустината кај Хомс -
Токму онака како што најави починатиот Ебу Мухамед Аднани, денеска ДЕАШ забрзано се повлекува кон источниот дел на Сирија. ДЕАШ е заглавен во североисточниот рурален дел на Деир ез-Зор, кој гледа кон ирачката граница, и на ист начин ја контролира територијата јужно од Ел Хун во Хасеке и во западниот дел на Ирак, во Анбар, долж граничната линија на пустината кај Анбар.
Организацијата, која минатиот месец се повлече од Палмира, источно од Хомс, моментно се наоѓа во пустината нај Хомс. Но силите на режимот на Асад и терористичките групи поддржани од Иран, благодарение на руската воздушна поддршка, преку долината на Еуфрат во Деир ез-Зор ги зазедоа Мајадин на северот и Абу Камал во близина на границата со Ирак, стеснувајќи го коридорот, па сѐ поизвесно е дека ДЕАШ ќе биде опколен во пустината кај Хомс.
- Ќелии и брзи воени акции -
Најверојатно, наместо да биде под опсада, организацијата ќе избере да се повлече, бидејќи зборуваме за организација којашто на загубените територии на фронтот формира ќелии кои можат да изведат брзи воени акции. Тоа е организација којашто има тајни ќелии што брзо можат да се мобилизираат за изведување воени операции, начин на војување кој може да го користи како мотивација за еден друг вид дејствија наспроти загубените територии во борбата на фронтот.
Од друга страна, вниманието го привлекуваат две територии под контрола на ДЕАШ во Сирија. Тоа се местото Јемрук, јужно од Дамаск, каде што претходно живееја палестински бегалци, и населените места Џевлан, Адван, Тасил, кои се наоѓаат западно од областа Дера, близу границата со Голанската висорамнина којашто е под окупација на Израел.
Тоа се места коишто се многу оддалечени од главната линија на организацијата, но и покрај тоа што се под опсада, милитантите на организацијата долго време опстојуваат во Јермук. Тоа е така благодарение на стратегијата што ја применуваат. Ги напаѓаат опозициските сили и прават повремени договори со силите на режимот, кој има воена поддршка од воздух и логистичка моќ. Основната стратегија на организацијата е преку Нева и Џиср ес-Ашри да пристигне до автопатот што се протега до Дера, места западно од Дера каде што се наоѓа израелската војска. Тоа е причината поради којашто оваа организација се бори против сириската опозиција, но сѐ уште не може да се најде одговор на кој начин ДЕАШ ја обезбедува воената логистика.
Додека се намалуваат териториите што ги контролира организацијата, голема е веројатноста заспаните ќелии зад фронтот да изведуваат акции во Сирија, на териториите кои се под контрола на режимот и опозицијата.
Минатиот месец, организацијата од руралните делови североисточно од Хама, кои се под контрола на режимот на Асад, минаа источно од Хама, јужно од Алепо, на територијата на опозицијата, и изврши напад. Овој потег на ДЕАШ покажува дека организацијата е отворена за секаква соработка со цел да опстане.
- Дали се уништуваат милитантите на ДЕАШ? -
На состаноците на меѓународната коалиција за борба против ДЕАШ, во последно време, особено од страна на САД и европските земји се истакнува стратегијата на ликвидација на припадниците на организацијата на местото каде што ќе бидат затекнати.
Запад и Русија, кои Сирија ја гледаат како „меѓународен басен во кој се заробени радикални елементи коишто ќе бидат уништени таму каде што се затекнати, години наназад им дозволуваа непречен проток на истите елементи кон Сирија и Ирак. Сега сакаат тие да бидат уништени без да им биде дозволено да се вратат.
Од друга страна, од територијата за којашто се тврди дека е контролирана од страна на илјадници странски платеници во редовите на организацијата, во светот се шират вести за 'странски милитанти на ДЕАШ' и 'интензивни судири', но и покрај тоа, се занемарува фактот што никаде не се споделуваат информации за приведувањата или за бројот на жртвите од редовите на овие платеници.
За ваквата ситуација, особено САД и Русија не даваат никакво објаснување, што точно се случува во моментов со илјадниците странски платеници.
Знаејќи ја воената флексибилност и рефлексот за опстанок во живот на милитантите на ДЕАШ во минатото, и кога ќе се разгледаат иницијативите за помирување од страна на организацијата, може да се увиди дека ДЕАШ има потенцијал да се појави со нова стратегија.
Во тие рамки, треба да гледа кон она што екипата на АА го објави на 15 октомври, а „Би-Би-Си“ (BBC) вчера го претстави во разговор со некои сведоци околу договорот на ДЕАШ и ПКК/ПЈД за иселувањата на Рака.
- Можно сценарио -
Сценарио кое е можно да го преземе организацијата е странците што зборуваат арапски, а потекнуваат од Заливот и од подрачјето на Магреб (подрачје северно од Сахара и западно од Нил), преземајќи сириски идентитет, како нејзини жители да се вратат зад фронтот или како бегалци да преминат во други земји. Многу е поинаква ситуацијата за странските платеници што не зборуваат арапски.
Сликата што можеше да се забележи за време на опсадата на Рака, од еден аспект ни го отсликуваше сценариото на организацијата за странските платеници. По постигнатиот договор, организацијата од Рака ги повлече локалните елементи и оние со арапско потекло, освен командантите, оставајќи ги елементите кои не се Арапи.
Ваквиот избор ги подржува гледиштата дека ДЕАШ најверојатно, во новиот период има за цел да биде арапска земја.
Повторно, во договор со локалните терористички организации и терористички режими, САД и Русија им дозволија на странските платеници на ДЕАШ да ги напушти териториите, за кои напишаа десетици статии.
Ќе треба да почекаме и да видиме дали замижувањето пред ваквиот избор на организацијата, во времето што доаѓа, ќе биде лост што ќе се искористи за нивна нова локација.
Може да се каже дека замижувањето на САД и Русија пред комбинираната евакуација и ставот за поделба во самата организација (Арапи/оние кои зборуваат арапски, елитни борци/оние што не се борат), најверојатно претставува сценарио со коешто арапските земји јужно од Сирија и Ирак се земени во ризична група.
Не е познато колку членови на ДЕАШ, благодарение на арапскиот идентитет, преминале зад фронтот, а колку користејќи го статусот на бегалци ги минале границите на Сирија и Ирак, кои сѐ уште го немаат завршено обезбедувањето на земјата и на сопствените граници.
Според анализите на постоечките параметри, двете арапски земји, Јордан и Саудиска Арабија се наоѓаат на прво место во ризичната група.
- ДЕАШ замира или се трансформира? -
ДЕАШ денеска во голема мера ги загуби позициите од територијата што ја имаше окупирано, а таа се протегаше јужно од Хасеке и Деир ез-Зор, Рака, источните делови на Хомс и источно од Алепо.
Поради моменталното губење на територијата која организацијата ја контролираше, а се протегаше од Мосул, преку Рамади до Алепо, таа се соочува со голем број нови проблеми, бидејќи во изминатите 3 години, во подрачјето настанаа демографски, етнички и политички промени.
Еден од најмалку разгледуваните проблеми, за кој најмалку се зборува, е каде се илјадниците странски платеници за кои се тврди дека се борат во редовите на ДЕАШ.
Постојат тврдења дека организацијата, која едноподруго ги загуби големите центри, како што се Рака, Деир ез-Зор, Мајадин, Абу Камал, овие центри ги користела за сместување на странските платеници. Тоа или ќе биде причина за разгледување на голем број параметри за ДЕАШ, кој е стеснет во поголемиот дел од руралните делови, или ќе ни покаже дека ДЕАШ зад фронтот заземал сосема поинаква воена стратегија.
Во организацијата којашто во своите редови има борци од различни вери и со различно потекло, од аспект на социологијата на организацијата, состојбата на губењето на териториите не се прифаќа како пораз.
Од друга страна, треба да се земе предвид дека организацијата и покрај сѐ, успева преку медиумите да го одржува своето обраќање кон членовите на организацијата и кон своите симпатизери.
Според согледувањата и интересите, може да се согледа дека ДЕАШ претставува една нова организација којашто наликува на Ал Каеда и во основа се темели на ирачката разузнавачка единица БААС. Иако губи во фронталните борби, гледајќи од воен аспект, организацијата најверојатно ја сменила својата воена стратегија, со цел да го продолжи своето постоење.
news_share_descriptionsubscription_contact
