Emel Öz Gözellik
15 Ноември 2017•Ажурирај: 15 Ноември 2017
ХАРАРЕ (AA) - Неколку тенкови во вторник се упатија кон главниот град на Зимбабве, Хараре, само ден откако војската порача дека е спремна да се вмеша во политички случувања и да ја прекине чистката на приврзаниците на соборениот потпретседател Емерсон Мнангагва, јавува Anadolu Agency (AA).
Ваквиот развој на настаните многумина го гледаат како наговестување на воен удар во оваа африканска земја.
Мнангагва (75), ветеран од војната за ослободување од 1970-те години, сметан е за можен наследник на актуелниот претседател на Зимбабве Роберт Мугабе (93) пред тој да го смени на 6. ноември.
Се претпоставува дека неговото отстранување е дел од чистките за да му се овозможи на Мугабе да ја предаде власта во рацете на својата сопруга Граце (52).
Командантот на војската Константино Чивенга се закани во понеделник дека ќе интервенира доколку не се прекине чистката на воените ветерани.
Граце Мугабе има силна поддршка на младинската организација на владејачката партија ЗАНУ-ПФ, а нејзиниот подем ја доведе во судир со воените ветерани.
Потсетуваме, Роберт Мугабе со Зимбабве владее од 1980. година.