Tuğrul Çam
11 Октомври 2018•Ажурирај: 16 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Дипломатски извори истакнаа дека не е точна информацијата дека американската страна назначила истражител во случајот со изчезнувањето на саудискиот новинар, Џамал Кашоги, јавува Anadolu Agency (AA).
Дипломатските извори во изјава за AA рекоа дека не е точна информацијата оти американската страна назначила истражител во случајот на Кашоги.
„Таму имаме истражители. Работиме заедно со Турција и Саудиска Арабија. Мораме да откриеме што се случи“, претходно изјави Трамп во врска со исчезнувањето на Кашоги.
Тој на американскиот тв-канал „Фокс“ (Fox) нагласи дека одблизу го следат случајот на исчезнувањето на саудискиот новинар, Џамал Кашоги, и дека во оваа насока одблизу работат со Турција и Саудиска Арабија.
Новинарот Кашоги бил соработник на весникот „Ал Ватан“ (Ал Watan), кој е важна платформа за саудиските реформисти, а во западните медиуми е познат по неговите вести за Блискиот Исток.
Тој на 2 октомври исчезна по влегувањето во саудискиот Конзулат во Истанбул.