?kipa
15 Ноември 2017•Ажурирај: 15 Ноември 2017
МОСКВА (АА) - Руските официјални лица објавија дека при пад на авион со краток долет на крајниот источен дел од Русија загинале шест лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Комитетот за истраги објави дека двомоторниот „L-410 Turbolet“ се урнал при обидот за слетување на малиот аердром во близина на селото Нелкан. Авионот, сопственост на регионалниот авиопревозник „Khabarovsk Airlines“ (Хабаровск ерлајнс), сообраќал на редовниот лет од Хабаровск до Нелкан, во близина на границата со Кина.
Руските власти нагласија дека несреќата ја преживеало тригодишно девојче, кое не се здобило со повреди опасни по живот. Се додава дека нејзините родители не биле на летот.
Истражителите сметаат дека лошите временски услови, грешка на екипажот или техничка грешка се можните причини за несреќата.
„L-410 Turbolet“ е авион со краток долет развиен во Чешка, во шеесетите години на минатиот век. Неколку регионални авиокомпании во Русија користат такви авиони.