Ali Eyvaz
03 Октомври 2017•Ажурирај: 03 Октомври 2017
АНКАРА (AA) – Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска во Анкара порача дека кризата околу нелегитимниот референдум на северот на Ирак е обид за забивање нож во срцето на регионот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Кризата околу референдумот на северот на Ирак е нов обид за забивање нож во срцето на нашиот регион. Не се работи за прашање на правата на Курдите, напротив, станува збор за тоа да се падне или да не се падне во замката на оние кои Курдите, Арапите, Туркмените и другите групи и земји во соседството, сакаат да ги воведат во процес на спорови и судири кои немаат крај. Нема да дозволиме во наша непосредна близина, преку етнички несогласувања и секташки непријателства, да се копа дупка што ќе биде хранета со омраза“, порача турскиот претседател Ердоган.