Enes Kaplan
08 Март 2016•Ажурирај: 09 Март 2016
АНКАРА (АА) - Политика во која нема жени и управителски пристап кој ја исклучува жената е голем недостаток за целата заедница, рече турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган на обраќањето по повод Осми март, Меѓународниот ден на жената, јавува Anadolu Agency (АА).
Ердоган рече дека одредени поединци како најголема препрека за правата на жените го гледаат семејството и верата.
„Поединци, угнетувањето, маргинализацијата и деспотизмот, настојуваат да ги поистоветат со насилството на источните општества, па дури и со верата. За нив семејството и верата се двете најголеми препреки за остварувањето на правата на жената. Во нивните очи исламот не е елемент кој ја оплеменува жената, туку елемент кој ја доведува во безлична положба. Оние кои ги застапуваат тие идеи со години, под изговор за борбата за женските права, им нанесоа зло на милиони жени”, рече турскиот претседател Ердоган.
Осврнувајќи се на неодамнешните терористички напади во Турција во кои учествуваа жени, Ердоган предупреди на погубното делување на терористичките идеологии.
„Остварувањето на женските права никогаш не била нивна цел. Тие бараат само свежа крв за својата слепа идеологија. Меѓутоа, во никој случај нема да дозволиме труење на нашата младина, а посебно младите девојки”, нагласи Ердоган.
Ердоган рече дека терористичките организации жените ги гледаат како средство за постигнување на своите цели.
„Не смееме да станеме заложници на менталитетот кој ги глорифицира терористите”, рече Ердоган критикувајќи ги терористичките организации ПКК, ЈПГ, ДХКП-Ц и ДАЕШ.