Ekip
27 Август 2016•Ажурирај: 27 Август 2016
РИМ (AA) - Италијанските власти соопштија дека бројот на жртвите во разорниот земјотрес, кој ја погоди централна Италија во средба рано наутро, порасна на 284. Се наведува дека во текот на ноќта се пронајдени три тела во разорениот гад Аматриче, кој се наоѓа на врвот на ридот, јавува Anadolu Agency (AA).
Цивилната заштита информацијата за зголемениот број на загинатите ја објави во сабота наутро на денот на жалоста кој поради големата трагедија е прогласен во цела Италија
Најголем број на жртви, нив 224 е токму од Аматриче, додека останатите страдаа од другите градови. Поради тоа италијанскиот претседател Серџо Матарела во сабота го посети средновековниот град кој доживеа огромно разорување во земјотресот со магнитуда 6,2 степени.
Матарела заедно со Серџо Пироци, градоначалникот на Аматриче, посети неколку локации во градот и се увери во размерите на причинетата штета. Претседателот се состана со спасувачите, кои од средата наутро работеа против времето обидувајќи се да ги пронајдат преживеаните под урнатините, но и оние кои веќе ја изгубиле битката за животот. Во таа прилика им се заблагодари за големиот труд кој го вложија.
Претседателот Матарела, кој денес ќе присуствува на државниот погреб на некои од жртвите, однесен е само во рабното подрачје на градот бидејќи влегувањето во самиот центар, поради обемот на разорувањето, би било премногу опасно за него.