Kübra Chohan
19 Јули 2018•Ажурирај: 20 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Гласноговорникот на Претседателството на Турција, Ибрахим Калин, денес најостро го осуди новиот Нацрт-закон за „еврејска држава-нација“, јавува Anadolu Agency (AA).
„Невозможно е да се прифати ваков расистички чекор кој го покажува напорот за легално бришење на палестинскиот народ од неговата татковина“, изјави Калин за АА.
„Ја повикуваме меѓународната заедница да реагира против оваа неправда која се случи пред очите на целиот свет“, додаде тој.
Тој ги даде ваквите изјави откако Кнесетот денес усвои закон кој Израел го дефинира како „еврејска држава-нација“.
Калин, исто така, ги одби напорите на израелската Влада да формира „држава на апартхејд“.