Vesna Besiç
11 Јули 2016•Ажурирај: 12 Јули 2016
ПОТОЧАРИ (АА) - На гробиштата на Меморијалниот центар Сребреница – Поточари, денес се клањаше погребната молитва и извршено е погребувањето на уште 127 жртви на геноцидот што се случи во јули 1995 година, во Сребреница, „заштитената зона” на ОН, јавува Anadolu Agency (AA).
Повеќе од 10.000 луѓе пристигнаа во Поточари за да им оддадат почест на жртвите на сребреничкиот геноцид. По комеморацијата во Поточари, се клањаше погребната молитва, а потоа започна изнесувањето на ковчезите од мусалата (капелата) на Меморијалниот центар.
Преживеаните сребреничани, членовите на семејствата на загинатите, пријателите и соседите, на раце ги пренесоа зелените ковчези со посмртните остатоци, до претходно ископаните и подготвени гробови.
Меѓу сребреничките жртви што денес се погребани на гробиштата на Меморијалниот центар, се наоѓаат и 12 малолетници. Најмладата жртва е 14-годишниот Авдија Мемиќ, а погребан е заедно со својот чичко Авдурахман и неговиот 16-годишен син Халил. Најстарата жртва е Мустафа Хаџовиќ.
Досега, во Поточари се закопани 6.377 жртви.
Според податоците што на комеморацијата ги изнесе градоначалникот на Сребреница, Ќамил Дураковиќ, се трага по уште околу илјада жртви на сребреничкиот геноцид.