Admir Fazlagic
25 Април 2016•Ажурирај: 25 Април 2016
СКОПЈЕ (АА) - Македонската полиција на 24.04.2016 година на магистралниот пат Февгелија- Скопје забележа моторно возило со српска национална ознака, а во возилото се отриени 15 мигрнати од Авганистан, соопшти МВР, пренесува Anadolu Agency (AA).
"На 24.04.2016 година во 03,40 часот од страна на мешовит патролен тим, на магистралниот пат Гевгелија–Скопје, во непосредна близина на с.Удово, било забележано ПМВ„Опел Вектра“ со српска национална ознака како со голема брзина се движело во правец на Демир Капија. Патролниот тим се упатил по возилото, при што на даден знак со ротационо светло за запирање на возилото истото ја зголемило брзината и продолжило со движење во правец према Демир Капија. Од страна на полициските службеници, возилото е проследено и во близина на Демир Капија, во близина на бензинската пумпа на „Мак Петрол“, возачот го запрел возилото и се дал во бегство", извести МВР.
Во внатрешноста на возилото се откриени 15 мигранти од Авганистан а лицето кое управувало со возилото е српски државјанин на кој му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
"При контрола на возилото било констатирано дека регистарските ознаки не одговараат на истото, а во внатрешноста на возилото се откриени 15 лица -мигранти од Авганистан. Во непосредна близина на реката Вардар во близина на железничката пруга, било забележано лицето кое го управувало возилото, при што истото е лишено од слобода, се работи за Н.С.(1995) од Р.Србија со српска лична карта. Против истиот е поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, со која е предаден на судија од чија страна му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена", се вели во соопштението на МВР.