Ivana Ramadanova
23 Април 2016•Ажурирај: 24 Април 2016
СКОПЈЕ (АА) - Полициските службеници кај селото Удово ноќеска околу два часот по полноќ фатија петмина илегални мигранти превезувани во патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, јавува Anadolu Agency (AA).
Од МВР денеска соопштија денеска МВР, меѓу затекнатите лица, три се од Пакистан а две од Авганистан. Возачот на возилото избегал, а илегалните мигранти се однесени во Полициската станица во Велес.
За настанот бил известен дежурниот јавен обвинител кој дал насоки да се продолжи со потрагата по возачот поради основи на сомневање за сторено кривично дело, а илегалните мигранти да бидат сместени во Прифатниот центар за странци на МВР.
Претходно, на клучката кај селото Удово, во 16.30 часот, од страна на патролен тим исто така било забележано патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки кое превезувало мигранти, како и „фолсфаген пфаетон“, со скопски регистарки ознаки, кое попречувало да извршат престигнување на возилото „ауди“.
"Кај клучката кај Демир Капија аудито се исклучило од автопатот и застанало, а возачот го оставил возилото со мигранти и побегнал. Непосредно по напуштањето на возилото, возачот бил фатен од патрола од Полициската станица Михајлово. Во возилото се пронајдени 16 мигранти од кои пет малолетни и 11 полнолетни лица. Од нив 10 лица се од Авганистан, едно од Пакистан и пет лица од Ирак", се наведува во соопштението од МВР.
Возачот на возилото „ауди“ во кое се превезувале мигранти е идентификуван, се работи за Ф.Н.(27) од Скопје.
"Во 18.35 часот било забележано паркирано возилото „фолсфаген пфаетон“ и биле легитимирани две лица А.Б.(26) и С.Д.(28) ,двајцата од с.Арачиново, скопско. Поради сомнение дека се работи за организирана група на криумчарење мигранти, лицата се приведени и задржани во ПС Неготино. Против македонските државјани ќе биде поднесена кривична пријава поради основи на сомневање за сторено кривично дело и во текот на денешниот ден ќе бидат спроведени до Основниот суд Скопје-1 во Скопје", се додава во соопштението од МВР.