Admir Fazlagikj
10 Април 2016•Ажурирај: 11 Април 2016
СКОПЈЕ (АА) - Полициски службеници во два одделни случаи вчера, спречија обид за криумчарење на 21 мигрант, соопшти МВР, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според министерството за внатрешни работи на Република Македонија, во полициската станица Неготино приведени се деветмина мигранти од Ирак кои во две различни патнички возила биле сопрени во близина на Демир Капија.
Едиот возач е приведен додека другиот го напуштил возилото и избегал. За возачот е поднесена соодветна кривична пријава додека мигрантите се сместени во центарот за странци.
Во вториот случај, на патиот правец Гевгелија-Демир Капија откриено е криумчарење на 12 мигранти од Пакистан.
„Од страна на полициски службеници од мешовит патролен тим, забележано било ПМВ со скопски регистарски ознаки. При обид да биде сопрено, истото се дало во бегство и застанало после два километри, а возачот избегал од самото место. Во возилото биле пронајдени 12 илегални мигранти од Пакистан”, соопшти Министерството.
Лицата се приведени во полициска станица за понатамошна постапка.