Meltem Bulur
17 Октомври 2016•Ажурирај: 18 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи на Турција испрати делегација во Багдад во врска со последните настани во Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Од дипломатски извори се дознава дека делегација под раководство на подсекретарот на министерството за надворешни работи на Турција, Умит Јалчин, ќе оствари делегациска средба во ирачкиот главен град Багдад.
На средбата ќе стане збор за воениот камп на турските вооружени сили во Башика, за операцијата во Мосул која се води против терористичката органзиација ДЕАШ и регионални теми кои се од интерес за двете земји.