Hanife Erdinç,Burak Akay
15 Јуни 2018•Ажурирај: 16 Јуни 2018
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Во обид илегално да преминат од Турција на грчкиот остров Лезбос, беа фатени 41 странски државјанин, јавува Anadolu Agency (AA).
Тимовите на крајбрежната стража на Турција добија дојава и во областа на Измир беа фатени 41 лице. Станува збор за луѓе од Авганистан, Еритреја, Сенегал и Мали. Меѓу нив има жени и деца, а хоспитализирано е 10-годишното девојче Азита Сафари на кое му се слошило.
На илегалните мигранти им беа дадени облека и други потребни работи.
Само во 2017 година, турските безбедносни сили заробија 50.000 мигранти од 50 земји. Станува збор за зголемување на бројот на мигранти од 60 отсто во споредба со 2016 година, кога биле донесени 31.000 мигранти.