Ekipa
12 Август 2017•Ажурирај: 13 Август 2017
ЛАКНАУ (АА) - Родителите на најмалку 35 деца кои починале во болница во северниот дел на Индија, во последните три дена наведуваат дека смртта на децата е предизвикана од недостаток на кислород на детското одделение, јавува Anadolu Agency (AA).
Управникот на дистриктот, Раџив Раутела, во саботата изјави дека смртта на децата кои страдале од разни болести во „Baba Raghav Das Medical College“ болница во градот Горакпур во државата Утар Прадеш, е предизвикана од разни природни фактори. Тој негираше дека смртта е предизвикана од недостаток на кислород.
Родителите тврдат дека залихите на кислород на одделот во болницата биле исцрпени во четвртокот, а на членовите на семејствата на пациентите им биле дадени вреќички за самонадувување за да им го олеснат дишењето на децата.
„Во тоа време, смртноста кај децата го достигна својот максимум“, рече Митунџаја Синг, чиј седуммесечен син е примен во болница и е меѓу починатите деца.
Властите во државата Утар Прадеш започнаа истрага за случајот.
Прашант Триведи, здравствен официјален претставник, призна дека има проблеми со цевководот за снабдување со кислород.
„Но, ситуацијата е надмината со помош на боци со кислород. Во болницата има доволно боци. Така што постојат наводи за смртноста кај децата, поради недостаток на кислород“, изјави Триведи.
Според тврдењето на родителите, компанијата која ја снабдува со кислород болницата претходно се закани дека ќе ја стопира испораката на кислород, доколку властите не ги платат своите долгови за испорака.
Раутела рече дека болницата ѝ должи 106.000 долари на компанијата, но додаде дека имало доволен број на боци со кислород.
Некои од децата боледуваа од енцефалитис, болест која ги напаѓа младите луѓе, и од неухранетост, а потребен им е третман во периодот на монсуните, кој трае од јуни до септември.
Болницата, која е главен центар за децата болни од енцефалитис, третираше близу 370 случаи во последните два месеца. Од нив 129 деца починаа, соопштија од болницата.