Ivana Ramadanova
02 Јули 2016•Ажурирај: 03 Јули 2016
СКОПЈЕ (АА) - Единаесет мигранти се откриени ноќеска во возило кое бегајќи од полицијата излетало од патот во близина на селото Покрајчево, Радовишко. Полицијата забележала три возила со мигранти, од кои две успеале да побегнат, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицајци вчера, околу 00:40 часот во село Градашорци забележале три патнички моторни возила, во кои се превезувале мигранти. Како што информира денеска МВР, на даден знак за запирање возачите не застанале. Две возила продолжиле да се движат на патот кон Радовиш, додека возилото „Голф“ со бугарски национални ознаки, во кое се превезувале 11 мигранти се исклучило од магистралниот пат и продолжило по земјениот пат кој води кон село Покрајчево, но поради неприлагодена брзина излетало од патот.
Возачот го напуштил местото на настанот. Во просториите на Полициската станица Радовиш бил извршен разговор со мигрантите, кои по наредба на Јавен обвинител се сместени во прифатните центри во Гевгелија и во Скопје.