Adem Şalvarcıoğlu
14 Јули 2018•Ажурирај: 14 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Бројот на загинати во поплавите и свлечиштата во Јапонија се искачи на 209 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Весникот „Јапан тајмс“ (Japan Times) го објави соопштението на Националната агенција за катастрофи во кое се вели дека поплавите и свлечиштата предизвикани од минатонеделните интензивни врнежи од дожд што го зафатија западниот дел на Јапонија, предизвикале смрт на 209 лица.
Во 31 област во земјата, интензивните врнежи од дожд за време од една недела предизвикаа околу 700 свлечишта.
Официјалните претставници соопштија дека повеќе од 50 лица се водат за исчезнати и можно е бројката на починати да се зголеми.
Во спасувачките операции во градовите Хирошима, Окајама и Ехиме учествуваат повеќе од 70.000 спасувачи.
Раководството на Агенцијата за пожари и природни катастрофи соопшти дека во засолништата се наоѓаат околу 6.700 лица.
Во 19 подрачја во земјата издадена е наредба за евакуација на 5,9 милиони лица.
Поплавите и свлечиштата најголем број животи одзедоа во Хирошима, Окајама и Ехиме, Јамагучи, Кјото, Шига, Хјого, Кочи и Фукуока.
Премиерот Шинзо Абе ги одложи посетите на Европа и Средниот Исток поради катастрофалните поплави кои ја зафатија Јапонија.