Ekipa
11 Декември 2016•Ажурирај: 12 Декември 2016
БРИСЕЛ (АА) - Одговорните од институциите во Европската Унија (ЕУ) за да ја искажат својата реакција по терористичкиот напад во Истанбул, сметаа дека е доволно во првите часови да обратат само преку социјалните мрежи, јавува Anadolu Agency (AA).
Поголем дел од претставниците на институциите на ЕУ останаа бесчуствителни во своите реакции по терористичкиот напад, што се случи во близина на стадионот Водафон Арена во истанбулската населба Бешикташ, пишувајќи куса твит порака.
И покрај тоа што минаа часови од нападот, ниту претседателот на Советот на Европската Унија Доналд Туск, ниту претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, не дадоа никаква изјава.
Неколку часа по нападот, претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц од својот профил на социјалната мрежа Твитер даде куса изјава: „Моето срце е со турските граѓани и семејствата на загинатите, се солидаризирам со нив”.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Фредерика Могерини се обрати со зборовите: „Ги следам вестите кои доаѓаат од Истанбул. Во комуникација сум со одговорните. Се солидаризирам со целиот турски народ”.
Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, го кажа следното: „Најостро го осудувам нападот во Истанбул. Насилството нема никакво место во демократските општества”.
Тројцата претставници на ЕУ, во своите обраќања, нападот не го окарактеризираа како терористички напад и привлекува внимание тоа што тие не го користат зборот тероризам во своите обраќања.
Институциите на ЕУ и нејзините претставници, при терористичките напади во Париз, Брисел и Ница само по неколку минути ги искажаа своите реакции.
Могерини заплака за време на својата изјава во врска со терористичкиот напад кој се случи на 22 март во Брисел.
Турција ја обвинува ЕУ дека не дава доволна поддршка во борбата против тероризмот.