Mohamed Sabry Emam Muhammed
11 Декември 2016•Ажурирај: 11 Декември 2016
КАИРО (АА) - Најмалку 20 лица загинаа, а 30 се повредени во експлозија којашто се случи денес во близина на главната Коптска катедрала во Каиро, изјави државната телевизија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Експлозијата се случила рано утринава пред Коптската православна црква во централниот дел на Каиро.
Претходно, од Министерството за здравство соопштија дека загинале пет лица, а 10 биле повредени.
Екипите на итната помош и цивилната заштита се наоѓаат на местото на настанот, со цел да им пружат помош на повредените.
Никој не ја презеде одговорноста за експлозијата.
Денешната експлозија се случи два дена откако шест полицајци загинаа во експлозија на бомба, во египетскиот главен град во петокот.