Sibel Vezaj
01 Септември 2016•Ажурирај: 01 Септември 2016
ПРИШТИНА (АА) - Под засилени безбедносни мерки во Приштина, во попладневните часови, би требало да почне седницата на Собранието на Косово на која една од точките на дневниот ред е ратификацијата на договорот за демаркација на границата помеѓу Косово и Црна Гора, јавува Anadolu Agency (AA).
Пред зградата на Собранието на Косово се собраа неколу илјади граѓани на протестот кој го организира опозициското движење Самоопределба. Тие најавија деа ќе се спротистават и внатре и надвор од зградата на Собранието на донесувањето на спомнатиот договор, со пој според тврдењата на опозицијата, Косово губи околу 8.000 хектари територија. Од друга страна, ратификувањето на договорот е услов за визна либерализација на Косово со земјте од Европската унија
Безбедносните мерки во Приштина денес се на исклучително високо ниво. Голем број на припадници на специјалните полициски единици ја чува зградата на Владата и Собранието, а во градот на повеќе места се стационирани и блиндирани возила.
Полицијата на Косово соопшти дека утрово во едно депо во Приштина заплени 50 торби со молотови коктели.
Истовремено, од канцеларијата на Европската унија (ЕУ) на Косово упатен е повик и на пратениците и на демонстрантите за зачувуваање на мирното окружување.