Senada Ibraimova
06 Март 2017•Ажурирај: 07 Март 2017
СКОПЈЕ (АА) – Вечерва повторно илјадници граѓани во организација на граѓанското здружение „За заедничка Македонија“ се собраа пред Владата на Република Македонија (РМ), од кадешто маршираа кон Собранието на РМ во знак на протест, како што велат, против албанската платформа, јавува Anadolu Agency (AA).
Тие пред Народната канцеларија на претседателот изразија поддршка за претседателот Ѓорге Иванов, да не му го додели мандатот на лидерот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија (СДСМ), Зоран Заев за формирање влада.
Граѓанското здружение „За заедничка Македонија“ заедно со илјадници граѓани веќе втора недела маршираат низ улиците на Скопје.
Тие маршот го започнаа пред владата на РМ, а мирно го завршија пред Собранието, каде што упатија порака дека ќе протестираат секој ден, сè додека политичките партии не ја решат актуелната политичка криза што ја зафати Македонија. Тие велат дека протестираат против промена на Уставот, името и корените на државата.
Луѓето кои маршираа носеа транспаренти и македонски знамиња, а по упатените пораки пред Собранието, толпата мирно се разотиде. Освен во Скопје, протести продолжуваат протестите и во други градови низ државата.
Таканаречената заедничка платформа на албанските политички партии во Македонија беше постигната по предвремените парламентарни избори на 11 декември минатата година, која содржи неколку барања за правата на Албанците во Македонија.
Лидерите на албанските политички партии се обврзуваа дека нема да учествуваат во новата Влада на Македонија доколку не бидат прифатени барањата наведени во платформата.