Davit Kachkachishvili
06 Декември 2017•Ажурирај: 07 Декември 2017
ТБИЛИСИ (АА) - Во врска со апсењето на поранешниот претседател Михаил Саакашвили организирани се протести во главниот град на Грузија, Тбилиси, јавува Anadolu Agency (AA).
Лидерите на Обединетото национално движење, како и голем број граѓани учествуваа во протестната прошетка откако Саакашвили беше приведен вчера во Киев, Украина.
Членовите на партијата и граѓаните се собраа на авенијата „Руставели“, од каде што одеа до зградата на Владата.
Демонстрантите ги носеа знамињата на Грузија и на Украина, и извикуваа слогани „Да живее Грузија“ и „Да живее Саакашвили“.
Ника Мелиа и Заал Удумашвили, партиски водачи, ги обвинија владите на Грузија и Украина за заговор против Саакашвили.
Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили, кому претходно му беше укинато украинското државјанство, беше уапсен вчера во Украина.