Davit Kachkachishvili
15 Мај 2017•Ажурирај: 16 Мај 2017
ТБИЛИСИ (АА) - ДАВИД КАЧКАЧИШВИЛИ -
Грузискиот бизнисмен, Ѓорѓи Мамулашвили, во Музејот на автомобили во Тбилиси го чува споменот на автомобилите произведени во периодот на Советскиот Сојуз, јавува Anadolu Agency (AA).
Мамулашвили, Музејот за автомобили во Тбилиси го отворил пред три години и во нив ја изложува својата колекција на советски возила.
Во разговор со АА, Мамулашвили рече дека е голем љубител на стари автомобили и дека целиот svoj живот купувал и репарирал автомобили кои сега со гордост ги изложува во музејот.
„Како што бројот на купени автомобили се зголемуваше, направив сопствена гаража во којашто ги репарирав за да изгледаат како да се излезени од фабрика, а во 2014 година тој простор го претворив во првиот mузеј на автомобили во јужниот дел на Кавказот“, рече Мамулашвили.
Истакнувајќи дека самostojno ги сноси сите трошоци на музејот, Мамулашвили изјави дека сака на идните генерации да им ги покаже автомобилите кои ги произведувале, и кои ги користеле нивните советски предци.
Меѓу вкупно 26 модели на советски возила, вниманието на посетителите во музејот најмногу го привлекува првиот советски пик-ап „GAZ 04“ од 1933 година и првиот советски седан „М 01“ од 1936 година.
Меѓу изложените експонати е и лимузината „Chaika“ на поранешниот грузиски претседател Едуард Шеварнадзе, блиндираниот „Zil“ на поранешниот секретар на Комунистичката партија на Грузија, Константин Устиновиќ Чернен и лимузината „Chaika“ која ја користеше патријархот на грузиската црква Илија II.