Ali Cura
03 Април 2018•Ажурирај: 03 Април 2018
МОСКВА (АА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска го прими претседателскиот мандат, јавува Anadolu Agency (AA).
Путин во својата канцеларија во Кремљ ја прими претседателката на Централната изборна комисија, Ела Памфилова.
Памфилова на средбата му го додели претседателскиот мандат на Путин, по извојуваната победа со 76,69 отсто освоени гласови на последните претседателски избори одржани во Русија на 18 март.
Путин, заблагодарувајќи ѝ се на изборната комисија, изјави: „Ова беа најчисти и најтранспарентни избори во нашата историја“.
Претседателот на Русија, Владимир Путин, според изборните резултати, извојува победа освојувајќи 56 милиони 430 илјади и 712 гласа.
Путин, кој го прими 4. претседателски мандат, денеска треба да пристигне во Турција, како гостин на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, со кого заедно ќе учествуваат на состанокот на Советот за деловна унија на високо ниво меѓу Турција и Русија и ќе учествува на поставувањето камен-темелник на нуклерната централа „Аккују“.