?kipa
03 Април 2018•Ажурирај: 03 Април 2018
ТУНИС (АА) - БАХАТИН ГОНУЛТАШ/ЃОКАН ЕРГОЧУН -
Турција преку Фондот за исламска солидарност за развој (ИСФД), кој делува при Исламската банка за развој (ИДБ), во состав на Проектот за превентивна борба против слепило, на подрачјето на Африка ќе подели 10 милиони очила. Тие се наменети за речиси 1,5 милион лица што имаат катаракта односно „сива мрена“, која е главна причина за слепило.
Советникот на Министерството за здравство на Република Турција, Ејуп Ѓумуш, во разговор со новинарот на Аnadolu Аgency (AA), зборуваше за овој проект, и истакна дека во Африка има околу 33 милиони лица што имаат потреба од операција на катаракта.
„ИБР во претходниот период од пет години има извршено 100.000 операции. Нам ни го претставија овој проект во рамките на кој се планирани 100.000 операции годишно, односно милион операции за 10 години. Ние одлучивме да им помогнеме на луѓето во Африка, но тој број да го зголемиме, и на годишно ниво да извршиме милион операции“, изјави Ѓумуш.
Ѓумуш истакна дека Турција во наредниот период ќе воспостави систем, со кој ќе бидат опфатени сите земји на африканскиот континент.
„Во сите африкански држави ќе може да поставиме наши координатори, а потоа и нашето Министерство, како и невладините организации, ќе им помогнат и на другите земји. Во овој проект ќе се вклучат и министерствата за здравство на другите земји“, изјави Ѓумуш, додавајќи дека планот е со оваа програма да се започне на почетокот од септември.
Тој нагласи дека планот е овој проект да не биде наменет само за африканскиот континент. Понатаму додаде дека целта е со овој проект да бидат опфатени и децата на кои им се потребни очила.
„На територијата на Африка има голем број деца што се борат со овој проблем. Ние сега бројот на децата од еден го зголемуваме на 10 милиони. Целта ни е до крајот на 2018 година да бидат оперирани 10 милиони деца и тие да добијат очила“, изјави Ѓумуш.
Истакнувајќи дека Турција со овој проект ја врши својата човечка обврска, Ѓумуш додаде:
„Ќе формираме систем со кој секој ќе може да даде поддршка. Ако имаме доволно поддршка, ќе може да ги решиме овие проблеми во Африка, но исто така, и во целиот исламски свет. Со овој проект може да им дадеме помош на 33 милиони лица кои се борат со слепило“.