Emre Aytekin
28 Јуни 2018•Ажурирај: 29 Јуни 2018
ВАШИНГТОН/АНКАРА (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп, со рускиот колега Владимир Путин првпат ќе се состане на 16 јули во Хелсинки, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Белата куќа се наведува дека главни теми на Самитот во главниот град на Финска ќе бидат билатералните односи и безбедносните прашања.
Трамп претходно најави дека за време на јулската посета на Европа би можел да се состане со рускиот претседател Путин.
Вчера и портпаролот на Кремљ, Јуриј Ушаков, изјави дека Трамп и Путин ќе се состанат во трета држава, а дека датумот и местото на датумот ќе бидат објавени денес.
Тој најави дека Трамп и Путин, по разговорот ќе присуствуваат на заеднички појадок и ќе одржат прес-конференција.