Gorana Jakovljevic
26 Септември 2016•Ажурирај: 26 Септември 2016
БАЊА ЛУКА (AA) - Според податоците на Републичката комисија за спроведување на референдумот за Денот на Ребпублика Српска (РС) на 71,09 отсто изборни места на кои гласале 425.715 гласачи, на прашањето „Дали поддржувате 9 јануари да се одбележува и прославува како Ден на Република Српска?", 99,79 отсто од граѓаните се изјасниле со „да", јавува Anadolu Agency (AA).
Синиша Каран, претседател на Комисијата, на прес-конференција наведе дека во Берковиќи, Источен Мостар, Калиновик, Крупа на Уна, Купрес, Осмаци, Петровац, Рудо и Чајница, сите гласачи гласале 9 јануари да се одбележува и слави како Ден на Република Српска.
„Очекуваме излезноста на гласачите на овој референдум да биде помеѓу 59 i 60 отсто", рече Каран.
Тој истакна дека утре во 12 часот ќе бидат соопштени конечни резултати од референдумот.
Инаку, одржувањето на референдумот со привремена мерка го забрани Уставниот суд на РС, кој пред тоа донесе одлука според која 9 јануари како ден на Република Српска е неуставен и не го прифати барањето на Народното собрание на Република Српска за преиспитување на таа одлука.
На изборниот список кој го формираше Комисијата право на изјаснување имаа 1.219.399 граѓани на Република Српска.