Gorana Jakovljevic
25 Септември 2016•Ажурирај: 26 Септември 2016
БАЊАЛУКА (AA) -На прашањето „Дали поддржувате 9 јануари да се одбележува и прославува како Ден на Република Српска?", 99,80 отсто од граѓаните кои денес излегоа на референдумот во босанско-херцеговскиот ентитет Република Српска (РС) се изјаснија со „да" , говорат прелиминарните податоци од 30,76 отсто гласачки места, јавува Anadolu Agency (AA).
Овие неофицијални резултати од референдумот, базирани на податоците од 30,76 гласачки места во РС на кои гласале 154.019 граѓани, ги соопшти Синиша Каран, претседателот на Републичката комисија за спроведување на референдумот за Денот на РС на конференцијата за новинари одржана во Народното собрание на РС.
Според податоците на Комисијата, на гласачките места кои беа отворени од седум до 19 часот во РС, се изјаснија помеѓу 50 и 60 отсто граѓани кои имаа право на изјаснување.
„Динамиката на прелиминарно конечните резултати не оди како што мислевме, пристигнува голем број податоци од теренот", рече Каран и додаде дека следните резултати не може да се очекуваат пред 22 часот.
На изборниот список кој го формирале ентитетската Комисија право на изјаснување имаа 1.219.399 граѓани на РС.