Hakan Çopur
01 Јануари 2018•Ажурирај: 02 Јануари 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Администрацијата на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека го поддржува правото на иранскиот народ за изразување на мирен начин, осврнувајќи се на последните протести во Иран, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Го поддржуваме правото на народот на Иран за изразување на мирен начин. Тие заслужуваат да им се слушне гласот. Ги повикуваме сите релевантни страни да го заштитат основното право на изразување по мирен пат“, се вели во соопштението на Канцеларијата на портпаролот на Белата Куќа.
Американскиот претседател Доналд Трамп, вчера објави твит во врска со ситуацијата во Иран, во којшто упати апел до владата на Иран да ги почитува човековите права.
Од друга страна, портпаролката на американскиот Стејт Департмент, Хедер Нојерт, нагласи дека внимателно ги следат антивладините протести, и дека ги осудуваат приведувањата за време на протестите.
Нојерт ги обвини лидерите на Иран дека ја претвориле земјата во измамничка, во земја која извезува насилство, крв и хаос.
„Како што рече и претседателот Трамп, оние кои најмногу се оштетени од лидерите на Иран е народот на Иран. САД остро ги осудуваат приведувањата на мирните демонстрации. Упатуваме апел до сите земји отворено да го поддржат иранскиот народ и неговите напори за добивање на своите права и за ставање крај на корупцијата“, додаде таа.
Инаку, освен низ иранските градови Мешхед и Кашмер, антивладините протести и протестите против администрацијата на претседателот Хасан Рохани продолжуваат и во Кирманшах.
Во снимките објавени на социјалните мрежи се гледа големото присуство на граѓаните на протестите во Кирманшах.