Hakan Çopur
15 Јули 2017•Ажурирај: 17 Јули 2017
ВАШИНГТОН (AA) – Гласноговорникот на Министерството за надворешни работи на Соединетите Американски Држави (САД) Хедер Науерт, во врска со годишнината од обидот за пуч во Турција, порача дека САД пружа полна поддршка на турската демократија и демократските институции на оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Науерт упати соопштение по повод првата годишнина од обидот за пуч во Турција од 15. јули 2016. година, зад кој стои терористичката организација ФЕТО.
„Пред година дена, храбрите граѓани на Турција без оглед на политичката припадност се спротиставија на обидот за пуч и застанаа во заштита на демократијата. САД уште еднаш сака да ја нагласи својата полна поддршка на демократијата на Турција и демократските институции на оваа земја", пишува во соопштението.
Искажано е и сочувство на семејствата на жртвите од 15. јули 2016 година, а на ранетите во ноќта од обидот за пуч, желба за што побрзо опоравување.
Од американското министерство наведоа исто така дека САД ја поздравува храброста на демократските опшстества кои излегуваат на улиза за да ги заштитат своите права и слободи.