Mustafa Keleş
15 Јули 2017•Ажурирај: 15 Јули 2017
ЊУЈОРК (АА) - Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш како никогаш досега е загрижен за кризата во Венецуела и ја повика владата и опозицијата на земјата на дијалог и мирно решавање на кризата, јавува Anadolu Agency (AA).
Длабоката политичка криза, од почетокот на април оваа година се манифестира со масовни протести и немири на улиците на Венецуела. Моќта на претседателот Ноколас Мадуро ја обвини опозицијата дека во соработка со радикалните групи предизвика немири во земјата, а опозициските протестира против режимот на Maдуро обвинувајќи ги неговите безбедносни сили за прекумерна употреба на сила.
„Ние сме загрижени како никогаш порано поради ситуацијата во Венецуела. ОН и целата меѓународна заедница бараат мир и демократија во оваа земја", изјави Гутереш во писмена изјава.
Истакнувајќи дека власта и опозицијата на Венецуела мора итно да започне дијалог и процес за мирно надминување на кризата, шефот на ОН Гутереш изјави дека фанатизмите, насилството и злоупотребата на функцијата е недозволиво во современото општество.
„Решението не може да се постигне со наметнување. Единствениот начин за излез од кризата е почитување на основните права и одржување на демократски избори. Патот за излез од кризата треба да го пронајде народот на Венецуела, а меѓународната заедница ќе го поддржи политичкиот дијалог, кој е единствената надеж за подобра иднина во Венецуела ", изјави Гутереш.