Rauf Maltaş
23 Јануари 2018•Ажурирај: 24 Јануари 2018
ШАНЛИУРФА (АА) - РАУФ МАЛТАШ - Сириските семејства од курдско потекло кои се засолниле во Турција поради граѓанската војна во нивната земја, не можат да се вратат во нивната сакана татковина поради стравот дека нивните деца ќе бидат присилно земени во војска од страна на терористите на терористичката организација ПЈД/ПКК која врши притисоци во овие региони.
67-годишниот Ибрахим Абдула бил притворен поради тоа што покажал отпор во граѓанската војна во неговата земја. Тој со неговите десет деца и семејството пред околу две години дошле во Турција. Тие се меѓу илјадниците бегалци со курдско потекло кои се жртви на терористите на ПЈД/ПКК.
Едното дете од ова семејство било погодено во ногата со оружје откако дало отпор против одлуката за присилно земање во војската од страна на терористичката организација, додека друго негово дете веќе две години се наоѓа во затвор.
Благодарение на гостопримството на турските граѓани, Абдула и неговото семејство живеат во Шанлиурфа, југоисточна Турција.
Абдула очекува што поскоро да се стави крај на насилството, притисокот и суровоста на терористичката организација ПЈД/ПКК во нивната земја, и живее сонувајќи за денот кога ќе се вратат во нивниот дом.
- „ПЈД/ПКК е рак за Сирија“ -
Ибрахим Абдула во разговор за Anadolu Agency (AA) истакна дека ѝ даваат целосна поддршка на операцијата „Маслинова гранка“ која започна против терористичките организации ЈПГ-ПЈД/ПКК/КЏК и ДЕАШ во сириското подрачје на Африн, од страна на Турските вооружени сили (TSK).
Абдула нагласи дека терористичките организации ПЈД/ПКК и ДЕАШ се две различни страни на еден план во Сирија, и додаде дека терористичките организации запалиле повеќе градови во Сирија.
Тој раскажа дека ПЈД/ПКК ги депортира граѓаните со арапско, турско или курдско потекло кои не размислуваат исто како нив.
„ПЈД/ПКК е рак за Сирија. Треба да го уништиме. Главата на ПЈД/ПКК е во Африн, рацете ѝ се во Ајн-ел Арап (Кобани), додека нозете во Хасеке. Главата на ПЈД/ПКК треба да се отсече во Африн. Тие кои денес плачат за Африн, зошто претходно не им капна солза за Хасеке и за Рака. Градовите се уништени, илјадници луѓе се депортирани, зошто сега плачете за Африн, а не плачевте за Хасеке и Рака. Курдските граѓани се нашите браќа во Африн. Всушност, Арапите и Курдите не се различни“, рече Абдула, истакнувајќи дека моментално граѓаните кои се наоѓаат во Африн, се изложени на суровоста на ПЈД/ПКК.
Абдула истакна дека претходно бил притворен од страна на терористичката организација ПЈД/ПКК, и рече: „ПЈД/ПКК го зеде мојот брат и моите деца. Сега избегав од таа суровост, и дојдов тука“.
- „Да не нè спасеше Турција, никој немаше да не спаси“ -
Абдула Нури, сириски бегалец со курдско потекло, кој ги изгубил своите двајца синови поради суровоста на ПЈД/ПКК, го продолжи својот живот во Турција заедно со своите четири деца.
Нури истакна дека едниот син бил застрелан во Расулејн, а другиот во Рака од страна на терористите. Како што истакна, околу две години чека во најблискиот безбеден град, Шанлиурфа, Турција, за да се врати во својата земја.
Тој нагласи дека ПЈД/ПКК на меѓународната арена е позната како терористичка организација, и дека со години биле жртви на таа терористичка организација и на нејзините ограноци.
„Избегавме и се засолнивме во Турција. Се надеваме дека со операцијата 'Маслинова гранка' ќе се воспостави еден ред во земјата, и ќе се спасиме од суровоста на ПЈД/ПКК“, истакна Нури, нагласувајќи дека ако се добие резултат како во операцијата „Штитот на Еуфрат“, мигрантите ќе се вратат во своите домови.
„Им благодариме на Република Турција и на турскиот народ кои ни помогнаа. Да не беше Турција, оваа војна ќе траеше повеќе години. Многу траеше. Да не нè спасеше Турција, никој немаше да нè спаси“, рече Нури.