Gülsem Adam
04 Декември 2016•Ажурирај: 05 Декември 2016
АНТАЛИЈА (АА) - Сончевото време и топлото море ги привлече локалните жители и туристите на плажите во Анталија, а оние храбрите уживаа во пливањето во декември, јавува Anadolu Agency (AA).
Температурата на воздухот во Анталија ова утро изнесуваше 18 степени, а температурата на морето достигна 22 степени Целзиусови.
Сончевиот викенд за многумина во Анталија денес е среќен, бидејќи можат да уживаат во сончањето и прошетките по долгите плажи кои не се преполни, како што се за време на летните месеци.
На најпознатата плажа Коњалти, десетици локални жители и туристи уживаа во топлото море.
„Уживам во животот во Анталија. Секое годишно време има своја убавина, но би било штета да не се искористи овој ден за пливање. Додека во другите делови од земјата се борат со снегот, ние тука уживаме во топлото море“, рече Сафије Кавак, една од многуте капачи во Анталија.