Diyar Güldoğan
04 Декември 2016•Ажурирај: 05 Декември 2016
АДАНА (АА) - Надлежниот суд во Турција издаде наредба за притвор на четири лица приведени во истрагата за пожарот кој се случи минатата недела во женскиот интернат во јужната област Адана, Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван извор за АА изјави дека меѓу осомничените кои се наоѓаат во притвор, се наоѓа и директорот на интернатот Џумали Генч и шефот на Фондацијата која управува со интернатот Исмаил У.
Истиот извор рече дека две лица се пуштени на слобода со мерки за забрана кои им ги изрече судот до завршување на истражната постапка.
Државниот обвинител во турската област Адана, Али Јелден претходно соопшти дека во рамките на истрагата за пожарот се приведени челниците и воспитувачите од интернатот во населбата Аладаг, каде што избувна пожарот во кој загина една воспитувачка и 11 ученици.
Заменикот-премиер на Турција Вејси Кајнак за време на посетата на домот изјави дека прелиминарните резултати од истрагата укажуваат дека пожарот избувнал поради дефект во електричната инсталација.