Ekipa
24 Јануари 2018•Ажурирај: 24 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили (TSK) ја продолжија воената операција „Маслинова гранка“ во Aфрин, северозападна Сирија, при што беа неутрализирани 268 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Операцијата, во која учествуваат и припадници на Слободната сириска војска, покрената е во саботата со цел воспоставување на безбедноста во пограничниот појас, неутрализација на терористичките елементи на ПЈД/ПКК и ДЕАШ, ослободување на територијата под окупација на терористите и пружање поддршка на народот во тоа подрачје.

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека за четири дена од операцијата „Маслинова гранка“ се неутрализирани најмалку 268 терористи.
„Во операцијата 'Маслинова гранка' имаме и загинати и ранети. Од Ослободителната војска на Сирија и од нашите сили имаме седум до осум загинати за четири дена. Според информациите што ги имаме, на спротивната страна неутрализирани се 268 терористи. Продолжуваме одлучно. Во целост ќе бидат искоренети“, рече Ердоган.
Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, истакна дека операцијата за неутрализирање на терористите на ПЈД/ПКК и ДЕАШ во Aфрин тече според планот.
„Во тек е чистењето на теренот. Операцијата ќе трае сè додека тоа погранично подрачје не биде во целост исчистено од терористичките елементи на ПЈД/ПКК и ДЕАШ“, изјави Јилдирим.
- „Операцијата не може да влијае на турската економија“ -
Турскиот министер за финансии, Наџи Агбал, истакна дека операцијата „Маслинова гранка“ на ниеден начин не може негативно да влијае на турската економија.
Како гостин на денешниот уреднички колегиум на АА во Анкара, Aгбал рече дека операцијата која турските сили ја спроведуваат против терористите на ПЈД/ПКК и ДЕАШ во пограничното сириско подрачје на Aфрин, на крајот ќе има многу позитивно влијание врз турската економија.
„Постигнувањата на воената операција 'Маслинова гранка' ќе ги отстранат бројните ризици за нашата економија“, рече турскиот министер за финансии.
- Продолжена кампањата на клеветење -
На социјалните мрежи од петтиот ден од операцијата „Маслинова гранка“, продолжи кампањата за клевета со објавување на сомничави слики преземени од интернет, кои немаат врска со работата на операцијата турските вооружени сили (ТСК) во северозападниот дел на Сирија.
Објавени се три нови фотографии за кои се тврди дека биле снимени за време на операцијата. Покрај тоа, се покажа дека една од нив беше преземена од рекламна страница на комерцијална компанија.
Слична кампања за клевета е водена и претходните денови кога, заради манипулација, беа објавени фотографии кои немаат никаква врска со операцијата "Маслинова гранка".
- Протерани стотици илјади цивили -
Африн е регион на крајот од северозападна Сирија и на истокот граничи со територија што ја ослободија турските сили и Слободната сириска војска за време на седуммесечната офанзива „Штитот на Еуфрат“, која заврши во март минатата година.
Проширувајќи ја својата окупација од Африн на запад и од Тел Абиад и Хасеке на исток, терористичката организација ПЈД/ПКК протера стотици илјади Арапи, Курди, Асирци и Туркмени, со цел да се воспостави постојана окупација на северната граница на Сирија.
Операцијата во Африн е започната во рамките на правото на Турција коешто е засновано на меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот, 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на член 51 од Договорот на ОН, односно на Правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Терористите на ПЈД/ПКК моментно под окупација држат 65 отсто од сириско-турската граница, а во Африн се наоѓаат меѓу 8 000 и 10 000 терористи.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која е на листата терористички групи во Турција, САД и Европската Унија. Од средината на 1980-тите години, ПКК води терористичка кампања против Турција.