Nilay Kar
20 Јули 2018•Ажурирај: 20 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Вкупно 43 терористи ПКК, меѓу кои и т.н. висок припадник, се неутрализирани како дел од антитерористичките операции спроведени во источна Турција и во северен Ирак во текот на изминатата недела, јавува Anadolu Agency (AA).
Во неделното соопштение, турскиот Генелштаб истакнува дека антитерористичките акции биле спроведени во периодот од 13 до 19 јули, во областите Ширнак, Мардин, Ерзурум и Бингол во источна Турција.
Уништени се околу 39 пешадиски пушки, 1 митралез, рачен ракетен фрлач, 6 пиштоли и проектил АТ-4, како и 26,3 килограми експлозив и 3 импровизирани експлозивни направи.
Во соопштението се вели дека во текот на операциите загинал еден војник, додека двајца се повредени.
ПКК се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, а својата оружена кампања против Турција ја продолжи во јули 2015 година.
Оттогаш, терористичката ПКК е одговорна за смртта на над 1.200 припадници на турските безбедносни сили и цивили, вклучувајќи жени и деца.